среда, 9 септември 2009 г.

Живо Ќофте (непечено)


Потребни состојки:

* 1 / 2 кг. телешко мелено место (посно)
* 1 кг. Ситен булгур (има во Рамстор и на Бит Пазар)
* 2 средни кромида
* Буковец
* Салца од домати
* 2 лимони (сецкани мали)
* 1 / 2 чаша зејтин
* Магданос, нане
* Ким, црн пипер
* Сол

Подготвување:


- Булгурот се става во голема тепсија. Се додава салца, изрендан кромид, лимон и се мешаат.

- Се додава меленото месо и се почнува со месење.

- Потоа се додаваат мирудиите и солта, и се продолжува со месење. Повремено се додава зејтин.
- Се меси додека не омекне булгурот (околу 40 минути).
- Се дава форма на ќофте, се служи со марула и лимон.

Afiyet olsun...

Реванија со млеко



Потребни состојки:

6 јајца
1 чаша шеќер
2 чаши брашно
1 пециво

За шербетот:
1 литар млеко
1 чаша вода
1 чаша шеќер
1 пакет ванилин шеќер

Подготвување:

- Јајцата и шеќерот се матат со миксер 5 минути. Потоа се додава брашното и пецивото.

- Смесата ја истураме во тепсија подмачкано со зејтин и јас ставаме во рерна на 180 степени.

- Се пече додека да добие светло кафена боја. Потоа се остава на ладење.

- Од друга страна се вари 1 литар млеко

- Посебно се вари 1 чаша вода со 1 чаша шеќер.

- Откога ќе го тргнете од шпорет, мешавината од шеќер и вода, заедно со 1 ванилин шеќер се додава во млекото

- Се чека да се олади шербетот а потоа се додава во исто така оладената реванија

Супа од зелена леќа


Потребни состојки:
2 чаши зелена леќа
Пола чаша маслиново масло
1 кромид
2 големи лажици салца од домат
1,5 – 2 л. Вода


Подготвување:

- Кромидот се пропржува со маслото а потоа се додава и салцата
- Потоа се додава и леќата и солта и се пропржува уште 1 до 2 минути.
- Се додава вода и се остава да се вари
- Варените состојки се гмечат и се цедат за да се добие кремаста смеса
- Се сервира со сос од лук, оцет и буковец

Банички

Потребни состојки:

2 лажици шеќер (големи)
2 лажички сол (мали)
квасец
500 мл млеко
250 гр маргарин
Брашно (околу 1 кг)

Тестото се замесува и се остава да стаса. Откако е готово се замесува повторно.
Од смесата се прават (околу 8) топчиња. Секое топче се развлечува во тенка кора. На кората нарендајте маргарин и размачкајте го по целата површина. Потоа исто така се ренда сирење и се завиткува во облик на ролат. Кората се свиткува во која сакате форма. Откако се готови сите кори ставете ги во тавче за печење и печете додека не поруменат. Се печат околу 15 минути.